Свет

ВИДЕО: Се шири снимка од Путин – не бил на велигденска миса, само бил монтиран?

ВИДЕО: Се шири снимка од Путин – не бил на велигденска миса, само бил монтиран?

На социјалните мрежи се проширија снимки кои наводно докажуваат дека Владимир Путин, претседателот на Русија, воопшто не присуствувал на големата велигденска миса во катедралата во Москва.

Да потсетиме, руските медиуми објавија снимка од Владимир Путин на велигденската миса на Руската православна црква.

Путин стоеше настрана во московската катедрала Христос Спасител, држејќи запалена црвена свеќа, за време на полноќната миса.

Потоа на социјалните мрежи се појави видео од Владимир Путин и неговите телохранители во празна катедрала во Москва.

Корисниците на Твитер тврдат дека ова е доказ дека Путин всушност бил однапред снимен во катедралата и дека овие снимки потоа биле монтирани на снимката од велигденската миса.

Путин исчезна од кадар?

Друга снимка, која масовно се споделува, покажува снимка од Путин како стои пред фреската во катедралата, држи свеќа и си ја гризе усната. До него се гледа круна од фрески.

Потоа следи снимка од свештеници, а зад нив е дел од фреската со круната, но не и Путин. Потоа следи снимка на која Путин стои покрај круната.

Во двете кадри, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин стои до Путин. Коментаторите на социјалните мрежи коментираат дека Путин премногу се плаши да излезе во јавност откако ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари. Додаваат дека бојата на неговата вратоврска е различна на спорните снимки и фотографии на Путин кои беа објавени – црна на снимките, а црвена на фотографиите и кадрите.

Не е јасно кога е направена снимката, особено онаа на која се тврди дека го прикажува самиот Путин во катедралата, ниту дали е автентична.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни