Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Свет

ВИДЕО СЕ СРУШИ НОВ МОСТ ВО КИНА Објавена морничава снимка: Огромен облак од сив чад го прекри регионот

ВИДЕО СЕ СРУШИ НОВ МОСТ ВО КИНА Објавена морничава снимка: Огромен облак од сив чад го прекри регионот

Новoотворениот мост во кинеската провинција Сечуан делумно се срушил, но сè уште не е познато дали има жртви.

Дел од приодот кон мостот Хонгќи и дел од конструкцијата се урнале и предизвикале свлечишта, пренесува „Ројтерс“.

Мостот, долг 748 метри, е дел од државниот автопат кој ја поврзува провинцијата со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради големото количество врнежи.

Изградбата на мостот беше завршена порано оваа година, а изведувачи на работите биле компаниите „Сечуан роудс“ и „Бриџ груп“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни