Живот

ВИДЕО: Се топи мразот на Бајкалското езеро во Сибир

ВИДЕО: Се топи мразот на Бајкалското езеро во Сибир

Мразот се топи на Бајкалското Езеро, кое е познато како најдлабокото езеро во светот, а се наоѓа помеѓу на југот на Сибир, во Руската Федерација, јавува Анадолија.

Езерото во близина на монголската граница ги маѓепсува своите посетители со прекрасен пејсаж. Посебно во зимската сезона, езерото е првиот избор на љубителите на риболовот и природата.

Езерото на посетителите им нуди можности како што се риболов, возење скутер и дружење во паркот на природата. Езерото се наоѓа во југоисточен Сибир помеѓу регионот Иркутск и Република Бурјатија.

Шумите околу него се прогласени за парк на природата. Познато е и како „Синото сибирско око“.

Со длабочина од 1.620 метри и површина од 31.500 квадратни километри, содржи повеќе од 20 отсто од светските резерви на слатка вода. Долг е 636 километри и широк 79,5 километри. Водата на Бајкалското Езеро се користи за пиење.

Во и околу езерото има многу уникатни растителни и животински видови, како што е Бајкалската фока. Тоа е единствениот вид слатководна фока во светот.

Поради нивното скапоцено крзно, тие се честа мета на ловокрадците.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни