ВИДЕО: „Се врати детето дома“ – Северина упати мистериозна порака кон публиката

Хрватската пејачка Северина (49) го загуби старателството над синот А.П во ноември 2019 година, кога беше донесена времена мерка според која нејзиното дете ќе живее со нејзиниот татко Милан Поповиќ, познат српски бизнисмен.

Оттогаш, имаше бурен спор меѓу поранешните партнери, а пејачката и Поповиќ генерално не откриваат премногу детали во јавноста.

Речиси две години подоцна, за време на настапот во Црна Гора, Северина ги изненади сите со тоа што пред присутните ја изведе песната „Роџено моје“, која ја посвети на својот син:

„Ќе ви кажам нешто. Се случуваат убави работи, па среќно ќе ја пееме „Роџено моје“. Не можам да ви кажам за што станува збор, но … Детето се врати дома“, порака Северина, која додаде „Вие знаете први, се уште не е објавено“.