Голем пожар избувна попладнево во грчката нафтена компанија „Мотор оил“ што се наоѓа во градот Агии Теодори во близина на автопатот меѓу Атина и Коринт.
На сите околни држави им била испратена порака за евакуација. Мобилизирани се и копниен и воздушни сили.
Интервенираат 35 пожарникари и три хеликоптери.
#motoroil pic.twitter.com/Ug4G5wWpWj
— Sakab.A (@bakas_a) September 17, 2024
„Денеска, 17 септември, од засега непознати причини избувна пожар од големи размери во делот на единиците за рафинирање на јужната рафинерија на Мотор Оил во Аги Теодори. Ситуацијата е под контрола. Од пожарот полесно се повредени во горните екстремитети, тројца вработени во фирма-изведувач, кои се пренесени во болницата Коринт и им е укажана неопходната нега. Од почетокот на инцидентот сме во континуирана соработка со надлежните. Им благодариме на Противпожарната служба и нејзините луѓе за соработката од првиот момент“.
