Во Белград денеска на 15 март се одржуваат масовни студентски протести, а меѓу оние кои им изразија поддршка на младите во Србија е и познатата хрватска пејачка Северина.
Северина на своите социјални мрежи сподели видео од промоцијата во Љубљана, каде пред насобраните посетители извика „Пумпај“ и одржа емотивен говор во кој им изразува поддршка на студентите кои се борат за вистината и слободата на протестите во Белград.
„Мирисите се важни, но важна е и поддршката за младите. Поддршка за младите кои се во Белград, студенти, имаат голем, голем марш за вистината и слободата. Ве молиме дајте голем аплауз за студентите во Србија. Сите ние сме исти луѓе и сите живееме на овие простори“, рече Северина.
Пејачката во спотот носеше и црвена ракавица и чизми до глужд, а во описот на видеото напиша: „Љубљана мирисаше на слобода и заедништво со српските студенти кои ги сакаме и во кои веруваме, бидејќи тие се светилник не само на регионот, туку и на Европа“.
Објавата на Северина предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи, а нејзината поддршка за студентите во Србија наиде на голем ентузијазам.
