Свет

ВИДЕО Силна експлозија ја потресе Малта: „Мислев дека нè бомбардираат, никогаш не сум се плашела толку“

ВИДЕО Силна експлозија ја потресе Малта: „Мислев дека нè бомбардираат, никогаш не сум се плашела толку“

Силна експлозија во фабрика за огномети во подрачјето на Маџтаб денеска рано наутро се слушнала низ цела Малта.

Главната експлозија се случила околу 6:30 часот во фабриката „Та’ Лурдес“, по што следувале низа помали детонации.

Жителите пријавиле скршени прозорци и потресени згради поради силата на експлозијата. Дел од граѓаните од околните места изјавиле дека ја слушнале детонацијата од неколку километри оддалеченост, додека други опишале дека го почувствувале ударниот бран, пренесува Малта Денес.

Полицијата е на терен и го истражува инцидентот. Засега нема информации за повредени или евентуално загинати лица.

Една жена која во тој момент шетала кучиња опишала драматично искуство.

„Бев со кучињата кога ја слушнав првата експлозија. Најпрво помислив дека експлодирала плинска боца. Потоа, околу пет минути подоцна, следуваа уште три. Експлозиите беа толку силни што почувствував како ми се крева косата, а дрвјата се затресоа. Кучињата целосно се изгубија. Никогаш во животот не сум се исплашила толку – за момент искрено помислив дека нè бомбардираат“, изјавила таа.

Портпарол на Одделот за цивилна заштита потврдил дека инцидентот се случил во фабрика за огномети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни