ВИДЕО Скандал на Европското првенство во бокс: Македонски судија физички нападнат од тренер на Азербејџан!

Голем инцидент го одбележа финалето на Европското првенство за кадети во бокс, кое се одржуваше на Златибор, Србија. Македонскиот судија Стефан Цубалевски бил физички нападнат од страна на тренерот на азербејџанската репрезентација, пред очите на бројна публика.

Инцидентот се случил за време на финалниот меч во категоријата до 75 килограми, помеѓу Јусуф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.

Според сведочењата, тренерот на азербејџанскиот боксер најпрво вербално го нападнал Цубалевски, незадоволен од судиската одлука, по што влегол во рингот и физички го нападнал, при што го давел и го удирал.

Настанот се случил пред полни трибини, исполнети со млади гледачи и учесници, што дополнително ја зголемило тежината на инцидентот.

Натпреварот бил веднаш прекинат, а боксерот од Азербејџан дисквалификуван. Златниот медал му бил доделен на српскиот боксер Виктор Мајсторовиќ.

Очекувано, инцидентот предизвика остри реакции од спортската јавност, а се очекуваат и санкции од страна на Европската боксерска федерација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.