На прашањето дали се согласува да го земе за сопруг Сантијаго Рестрепо, Колумбијката Џесика Авилез неодамна на изненадување на сите одговори – не! Таа во последен момент се предомислила и избегнала брак, иако веќе ја облекла венчаницата и застанала пред олтарот.
Во меѓувреме, видеото од големиот пресврт стигна до локалните социјални мрежи и бројни портали, чии новинари ни помогнаа да разбереме што тргнало наопаку и зошто Сантијаго неженет се вратил дома.
Имено, Џесика одбила да стапи во брак поради неговиот татко, односно затоа што Сантијаго ја излажал дека го одобрува нивниот брак.
„Нема да се омажам на овој начин. Погледнете како татко му се однесува со моите ќерки откако пристигнавме“, му кажала на матичарот Авилез, додавајќи дека Сантијаго ја измамил кога и рекол дека татко му цвета од радост.
¡Insólito! en plena ceremonia de una boda en Chinú, Córdoba, la novia 'le dio el no' a su prometido. Todos en el matrimonio quedaron con la boca abierta ante la repentina e inesperada decisión de la mujer. pic.twitter.com/Y4VHR30Oom
— CTV Barranquilla (@ctvbarranquilla) December 19, 2023
„Сантијаго ме излажа, ми кажа дека татко му е среќен. Сантијаго му дозволува на татко му да го контролира“, објаснила девојката подолу и нагласила дека нејзините ќерки секогаш ќе бидат нејзиниот прв приоритет.
Сантијаго потоа и го тргнал свршеничкиот прстен од раката, а некои портали пишуваат дека тој поради револт одбил да ги плати трошоците за несудената брачна прослава.
Во коментарите на мрежите многумина го пофалија нејзиниот потег, велејќи дека е правилно што ги ставила децата на прво место, но други ја обвинија дека го чекала овој посебен момент.
