Свет

ВИДЕО: Слушалки на уши и безбедност: Прва снимка на холандскиот претставник на Евровизија 2024 по скандалот: Ги кажа само овие два збора

ВИДЕО: Слушалки на уши и безбедност: Прва снимка на холандскиот претставник на Евровизија 2024 по скандалот: Ги кажа само овие два збора

Јост Клајн, кој годинава ја претставува Холандија на „Евровизија 2024“, не настапи на генералната проба пред големото финале, што служи за жирито да ги даде своите оценки на натпреварувачите.

Имено, наместо настап во живо на Јост Клајн, беше прикажана видео снимка од неговиот настап.

Пејачот од Холандија бил фатен во хотелскиот ходник, а за причините поради кои не се појавил на пробата не сакал да зборува.

Во придружба на обезбедувањето, Јост влегол во лифтот и само му посакал убав ден на новинарот кој го следел.

Да потсетиме, вчера се одржа прес-конференција на која присуствуваа претставниците на евровизиските земји, а мета на критики беше и холандскиот претставник бидејќи при претставувањето на претставникот на Израел ја покри главата со своето знаме и се правеше дека спие , не сакајќи да ја слушам.

Оваа фотографија набрзо стана вирална на социјалните мрежи, а додека некои го коментираа негативно, други сметаат дека неговата одлука е правилна и дека има право да „бојкотира“.

Водителката на РТС, пак, не ја криеше згрозеноста од она што го виде на Евровизија, а повеќе детали за тоа погледнете во посебен текст: Водителката на РТС згрозена од голотијата на телевизија! „Ми правеше непријатно да гледам!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни