ВИДЕО Снимка од ударот на цунамито врз Камчатка: Бранови од четири метри!

Земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди полуостровот Камчатка на крајниот исток од Русија и предизвика цунами високо четири метри, а поради опасноста од цунами, издадени се наредби за евакуација на Хаваи и низ целиот Пацифик, пренесува Ројтерс.

Во Севернокурилскиот регион во Русија е прогласена вонредна состојба поради опасност од цунами по земјотресот, кој е најсилниот земјотрес во регионот од 1952 година, како што наведуваат руските медиуми.

Градот Северо-Курилск беше делумно поплавен, а според податоците на Министерството за здравство на Камчатка, сите повредени биле згрижени и немало сериозни повреди.

На Камчатка беа регистрирани уште триесет земјотреси со магнитуда од два до пет степени според Рихтеровата скала, а сеизмолошката служба предупреди дека се можни последователни земјотреси во рок од еден месец.

Нуклеарната централа Фукушима, оштетена во цунамито во 2011 година по земјотрес со магнитуда од 9 степени, престана да испушта третирана радиоактивна вода во Тихиот Океан.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.