Сонцето грееше, црвениот тепих беше распуштен, почесната гарда беше наредена, Лотар Фрајшлејдер, германскиот амбасадор во Катар беше таму, единствениот проблем беше што немаше катарски службеник официјално да го пречека германскиот претседател Франк-Валтер. Штајнмаер до Доха..
Дојче веле (ДВ) пренесува дека Штајнмаер слетал само малку порано од планираното, а потоа стоел и чекал на вратата од авионот околу половина час додека сонцето печело.
Дури по речиси 30 минути, Султан Ал Мурајчаи, министерот за надворешни работи на Катар, пристигна да се сретне со шефот на германската држава.
German President Frank-Walter Steinmeier had an unusual wait at the airport in Qatar's capital Doha.
He was left standing at the door of his plane for nearly 30 minutes after touching down. pic.twitter.com/kQdkeA81qa
— DW Politics (@dw_politics) November 29, 2023
И покрај одложувањето на министерот за надворешни работи, Штајнмаер го напушти аеродромот точно на време за средба со шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, владејачкиот емир на Катар.
Розалија Романиец, новинарка на ДВ, која заедно со Штајнмар отпатува во Катар, по оваа дипломатска средба, се прашува дали тоа било грешка во закажувањето или дали функционерите во оваа арапска земја го заладиле односот кон Германија.
Причината може да биде тоа што за време на неговата тридневна посета на регионот, Штајнмаер прво остана во Израел, а потоа помина две ноќи во Оман, а за посетата на Катар остави само три часа.