Балкан

ВИДЕО: Спасување на луѓето од поплавените куќи во БиХ

ВИДЕО: Спасување на луѓето од поплавените куќи во БиХ

Луѓето беа спасени од поплавените куќи во Босна и Херцеговина со сите расположливи средства, вклучително и багери.

Големите количества дожд кои паднаа во текот на ноќта предизвикаа поројни поплави и лизгање на земјиштето во делови на БиХ, а многу луѓе ги загубија животите во катаклизмата, додека по многу други се уште се трага.

Јабланица беше најпогодена, но драматично беше и во Кисељак и Фојница.

Луѓето беа спасени од поплавените куќи со сите расположливи средства. Снимено е спасување на луѓе од поплавена куќа во Фојница, кои биле спуштени со багер.

Планинарската спасувачка служба Прењ објави видео на кое се гледа како се обидуваат да спасат едно лице кое било заробено во куќа опкружена со преголемо количество на вода во полето Буторовиќ кај Коњиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни