36-годишен Јапонец по име Даисуке Хори тврди дека спие само 30 минути на ден, а при тоа воопшто не се уморува.
Тој вели дека минал 12 години вежбајќи ги својот ум и тело да функционираат на што е можно помалку сон, а сега тој претседава и со „јапонската Асоцијалција за спиење“ и ги учи другите како да го намалат своето време за спиење за да можат повеќе да бидат будни.
Тој неодамна на ТВ емисија зборуваше за својот распоред на спиење, каде посочи дека поради 16 часа непрекината работа, едноставно не можел да ги прави сите работи кои ги сака.
Затоа, во еден момент започнал да експериментира со намалување на дневната рутина на спиење, а во текот на неколку години успеал од 8 часа да мине на само пола час сон, а притоа да остане здрав и енергичен како што бил претходно.
Телевизијата неверувајќи на овој факт, сепак тргнала да го следи подолг временски период и да ја снима цела негова дневна рутина.
Се покажало дека тој спиел навистина само 30 минути на ден, а некогаш и помалку, а во текот на денот играл видео игри, сурфал, се дружел со пријателите.
Дури и откако била објавена емисијата, Јапонците и натаму не верувале во оваа приказна.
