Свет

ВИДЕО: Светските дипломати ја напуштија конференцијата на ОН за време на обраќањето на Лавров

ВИДЕО: Светските дипломати ја напуштија конференцијата на ОН за време на обраќањето на Лавров

Претставниците на европските и други земји денеска на кратко ја напуштија конференција на Обединетите Нации во Женева.

Тие тоа го направија откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се вклучил со видео врска.

На видеото објавено од француската делегација може да се забележи дека присутните ја напуштаат салата.

„Заминувањето на европските делегати и сојузници за време на изјавата на министерот Лавров е наш начин да ја поддржиме Украина“, напишаа тие.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни