Свет

ВИДЕО: Терористички напад во Тел Авив, повредени 35 лица!

ВИДЕО: Терористички напад во Тел Авив, повредени 35 лица!

Возач на камион влетал во автобуска станица во Глилот, недалеку од Тел Авив, удрил во автобусот, а потоа ги покосил пешаците на станицата, при што повредил вкупно 35 лица, од кои шест се во тешка состојба. Властите во Израел го окарактеризираа инцидентот како терористички напад.

Локалните власти соопштија дека камионот, кој налетал на автобуската станица, тешко ранил шест, а повредил вкупно 35 лица.

Итната помош во Глилот соопшти дека на повредените им била укажана помош на лице место, наведувајќи дека шест лица се здобиле со тешки телесни повреди, а пет се со умерени повреди, објави весникот „Јерусалим пост“.

Полицијата соопшти дека лицата кои биле на лице место пукале во возачот на камионот и успеале да го спречат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни