Македонија

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа кај Тетово, едно лице загина

Денеска (21 октомври) околу 10.50 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, односно месноста „Еребино“, патничко моторно возило „тојота рав“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот.

Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни