Свет

ВИДЕО Торнадо во Грција, невреме направи хаос, четири лица се повредени!

ВИДЕО Торнадо во Грција, невреме направи хаос, четири лица се повредени!

Четири лица се повредени во невреме на Халкидики, Грција, каде што се формирало торнадо над морето.

На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од пијавица на море.

Областа Неа Плаја, на околу 40 километри јужно од Солун, ненадејно ја зафати силно невреме кое за неколку минути урна чадори и оштети друг мебел на плажата, пренесува порталот Прототема.

За време на бура во морето пред плажата се формирала морска пијавица .

Од силниот ветер повредени се најмалку четири лица, од кои едното морало да биде префрлено во болница, како што велат болнички извори, најверојатно се здобил со скршеница. Повредениот 19-годишен маж е префрлен во Општата болница Полигирос.

Останатите тројца се здобиле со полесни повреди и им била укажана прва помош од две возила на Брза помош ЕКАВ кои излегле на местото на настанот.

Имено, според очевидци, силен ветер во областа, кој траел неколку секунди, се свртел и создал торнадо, поради што од плажата биле подигнати чадори и настанала збунетост.

Ветерот ја оштети и кафеаната на плажата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни