Свет

ВИДЕО Три лица убиени, двајца полицајци повредени во вооружен судир пред израелскиот конзулат во Истанбул

ВИДЕО Три лица убиени, двајца полицајци повредени во вооружен судир пред израелскиот конзулат во Истанбул

Три лица загинаа, а двајца полицајци се повредени во вооружен судир кој се случи денеска во близина на зградата во која се наоѓа израелскиот конзулат во Истанбул, објавија медиумите.

Според извештаите, инцидентот се одвивал во деловен кварт на градот каде се наоѓаат седиштата на најголемите турски компании. Телевизијата НТВ јавува дека едниот од напаѓачите е уапсен и повреден, додека другиот е убиен.

Неофицијални извори, како што пренесува порталот „Кликс“, наведуваат дека осомничените отвориле оган врз полицајците кои го обезбедувале просторот околу зградата. Сè уште не е познато дали конзулатот бил директна цел на нападот.

Снимките на „Ројтерс“ покажуваат како полицаец се крие и го вади оружјето додека се слушаат истрели, а на видео се гледа и лице покриено со крв на земја.

Областа околу конзулатот останува под засилен полициски надзор, а по инцидентот голем број вооружени полицајци патролираат низ околината. Властите сè уште не соопштиле официјално информации за мотивите на нападот или идентитетот на сторителите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни