Свет

ВИДЕО: Цунами во Индонезија, загинаа 168 лица, стотици се повредени

Во цунами кое во саботата ја погоди Индонезија, загина најмалку 168 луѓе, 745 се повредени, а 30 се водат како исчезнати.

Цунамито однесе стотина згради, вклучувајќи и хотели , а голем дел од луѓето настрадале кога водата ја поплавила плажата каде што се одржувал концерт.

Истражувачите велат дека цунамито настанало поради вулканска ерупција најверојатно на Анак Кракатау островите, во близина на вулканот Кракатау.

Бројот на жртви од цунамито кое синоќа во 21.27 по локално време го погоди овој дел може да се зголемува бидејќи спасувачките екипи се уште не стигнале до сите погодени подрачја.

Најмногу погодена е областа Јава, која го вклучува Националниот парк Уџунг Кулон и многу популарни плажи.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни