ВИДЕО Уапсен е мажот кој ја нападна бабата пред внукот со нож во зграда во Белград

Полицијата го уапси осомничениот за нападот и разбојништвото врз жена во Нов Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полициски службеници од Полицијата за град Белград го идентификуваа и уапсија Т. К. (1981) поради основано сомнение дека на 27 декември во Нов Белград извршил кривично дело обид за убиство врз 68-годишна жена.

„Осомничениот вчера околу 13 часот во ходникот на зградата ѝ зададе повеќе убоди со нож на оштетената жена, предизвикувајќи тешки повреди опасни по живот, по што ѝ ја одзеде чантата и се оддалечи од местото на настанот“, се наведува во соопштението.

Т. К. му е одредено задржување до 48 часа и, покрај кривичната пријава, ќе биде приведен пред Високото јавно обвинителство во Белград.