Кафеавата мечка која повреди пет лица во еден словачки град е убиена, соопшти словачкиот министер за животна средина.
На социјалните мрежи се шири снимка од мечка која на 17 март трча низ улиците на еден словачки град.
Беа потребни десет дена за да се пронајде кафеавата мечка, a истата беше убиена во локалната шума денеска.
За да ја пронајде мечката, словачката влада користела беспилотни летала, изјави министерот за животна средина Томаш Тараба во објава на Фејсбук, заблагодарувајќи им се на сите што учествувале во операцијата, пишува Би-би-си.
Минатата недела во областите низ регионот беше прогласена состојба на готовност со зголемени полициски патроли како превентивна мерка против слични напади.
Се проценува дека мечката има три години и тежи околу 70 килограми.
A bear is seen running after it attacked five people in a town in Slovakia. Video shows the animal running away and eventually escaping into the wilderness. pic.twitter.com/zQkdHJeQYa
— ABC7 Eyewitness News (@ABC7) March 25, 2024
Повредено е и 10-годишно девојче
Повредени се пет лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, а двајца со рани и гребаници се пренесени во болница.
Една жена за локален весник изјави дека била сериозно трауматизирана од нападот.
Некои членови на владата на Словачка рекоа дека инцидентот ја докажува потребата да се олесни заштитата на дивиот свет во ЕУ што го спречува ловот на животни како мечки и волци.
„Мечката брутално напаѓаше луѓе. Едно лице за малку ќе изгубило око“, изјави за локалните медиуми Рудолф Хулиак, претставник на десничарската Словачка национална партија.
Хулиак ја истакна важноста да се најде решение за преголемиот број мечки.