Украинската разузнавачка служба објави видео од нападот на рускиот одбранбен систем С-400 „Триумф“ на Крим, јавуваат медиумите.
„На 23 август, околу 10 часот, во близина на селото Оленивка на привремено окупираниот Крим се случи експлозија во која беше уништен рускиот ракетен систем С-400 „Триумф“ со долг и среден дострел“, соопштија од Главна. Управа за разузнавање на Министерството за одбрана.
Како што се наведува, инсталацијата, проектилите на неа и персоналот се „целосно уништени“.
Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека во текот на ноќта извршиле „специјална операција“ во која единици слетале на Крим.
Операцијата, која Ројтерс не може независно да ја потврди, ќе значи дека украинските сили се способни да спроведат копнени операции на Крим, кој Русија го зазеде и го анектираше во 2014 година.
Кратко видео објавено заедно со изјавата на Телеграм покажува мал моторен чамец што се движи низ водата во близина на брегот ноќе. ХУР наведува дека точката за слетување била на западниот врв на Крим, во близина на населбите Оленивка и Мајак, пишува Гардијан.