Васко Жабата стана вистински хит во Македонија, а од пред некоја недела и во Србија. Но, пробавме да разбереме зошто македонците се опседнати со овие зборови?
Инаку песната е од соседба Бугарија и се „појавува“ во период во кој двете држави имаат нерешени проблеми. Дури и по друштвените мрежи се коментира, дека токму „Васко Жабата“ ќе биде мостот на помирување меѓу двата народа, пишувa 4NEWS.mk
За вистинските љубители од неодамна на YouTube се појави и микс од 1 час, за вистиско уживање.
Дури се појавија и неколку музички преработки, како оваа.
Што велат Бугарите, знаат ли воопшто за песната „Васко Жабата“ која правилно се вика „Комбајна вршачка“.
„Мислам дека сите во Бугарија ја знаат оваа песна. Интересно е тоа што, песната е стара повеќе од 15 години, но стана вирална пред неколку месеци кога многу млади луѓе почнаа на Тик-Ток да прават видеа со оваа песна“, вели Николај Емилов од Нова ТВ.
На друштвените мрежи дури се врти и инфромација за тоа дека „Васко Жабата“ е човекот кој свири на гитара, а Цеца Мецана е пејачот на групата.