ВИДЕО: Во 1989 две бебиња биле по грешка заменети – 2 години подоцна вистината излегува на виделина, а мајките се одлучуваат за следново…

Во февруари 1989 година, во болницата Најџел во Јоханесбург, две жени родиле две момчиња. Робин и Гевин биле заменети веднаш при раѓањето, груба грешка на акушерката.

Така Робин заврши во рацете на Сенди Докинс, самохрана мајка која едвај врзува крај со крај. Биолошкиот син на Сенди, Гевин, заврши во рацете на Мегс Клинтон Паркер во Питермарицбург.

Дека момчињата по грешка биле заменети е откриено две години подоцна откако Мегс отишла да направи ДНК тест поради тоа што нејзиниот сопруг се посомневал дека е татко на детето и така дознала дека момчето воопшто не е нивен биолошки син.

Истрагата на болничката документација потврдила дека биолошкото дете на Мегса е Робин, момче кое пораснало со Сенди.

Кога Мегс и Сенди добија можност да ги заменат децата, но и двете решиле да ги задржат бебињата кои ги одгледале од раѓање, иако не се нивни биолошки деца, а емисијата за тоа деновиве направи „60 минути Австралија“.

„Не можете едноставно да се откажете од дете кое го воспитувате две години, без разлика дали тоа е биолошки ваше или не. Веднаш одбив затоа што само сакате да го заштитите она што го имате. Неколку дена откако дознав, бев во шок, а потоа се појави љубопитност.Сакав да знам како живее моето биолошко бебе“, вели една од мајките.

Едно од момчињата, Робин, вели дека е очаен поради судбината што го снашла и дека „ја презира мајка си затоа што таа не се борела за него, туку му дозволила да порасне во беда“.

„Што и да посакав во животот, морав да работам напорно за тоа. Никогаш не добив ништо едноставно, за разлика од момчето кое живее со мајка ми“, вели Робин.

Гевин, пак, беше повеќе од задоволен од исходот на ситуацијата.

“Водам прекрасен живот. Факт е дека таков живот добив случајно, но воопшто не ми е жал за Робин”.

На крајот, приказната доби неочекуван крај – Робин секој ден се слушал со мајка си и страдал по неа, па Мегс му предложила да се пресели кај неа и Гевин, што и го направил во 2004 година, а Сенди останала сама.

„Би сакала само да ја прашам дали е среќна поради тоа што ни го направи. Ми го уништи животот“, изјави Сенди за медиумите.