Свет

ВИДЕО Во експлозиja на бензинска пумпа во Русија загинаа 25 лица, меѓу кои три деца: „Тука е како војна“

ВИДЕО Во експлозиja на бензинска пумпа во Русија загинаа 25 лица, меѓу кои три деца: „Тука е како војна“

Бројот на загинати во пожарот на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан се искачи на 25 лица, меѓу кои три деца, објави рано во вторникот новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош.

Пожар избувна во поправка на автомобили на страната на автопатот во главниот град на Дагестан Махачкала во понеделникот вечерта, предизвикувајќи експлозии кои се проширија на блиската бензинска пумпа, соопштија официјални лица.

На видеото објавено на Интернет се гледа еднокатна зграда во пламен , објави ТВ Ројтерс.

„Тука е како војна “, рече сведокот.

Бројот на повредени се искачи на 66, од кои 10 се во критична состојба , објави новинската агенција РИА, цитирајќи го рускиот заменик министер за здравство Владимир Фисенко.

Тринаесет од повредените се деца , јави Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство на Дагестан.

На пожарникарите им требаа повеќе од три и пол часа да го изгаснат пожарот, кој се прошири на површина од 600 квадратни метри, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на руската служба за вонредни состојби.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни