„Мило ми е што вака го започнуваме првото интервју за вас годинава, со ова емоционална и историска вест. Јас за ова дознав пред десет минути, додека доаѓав овде, од Парламентот, Претседателот Џафери го потпишал Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Договорот со Грција, и тие вечерва ќе бидат објавени на Службен Весник, и во овој историски датум, албанскиот јазик станува службен јазик на централно ниво во Република Македонија. Навистина сум возбуден и треба да бидат сите Албанци и сите граѓани на Македонија“, изјави Бујар Османи во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21.
СЛЕДЕТЕ НЕ:
