Балкан

ВИДЕО: За едни опасно, за други адреналин – авион слета над главите на луѓето

ВИДЕО: За едни опасно, за други адреналин – авион слета над главите на луѓето

За едни опасно, но за други адреналин…

Аеродромот во Скијатос, соседна Грција повторно се најде во центарот на вниманието поради екстремно ниско слетување на авион.

Имено, на Јутјуб се појави видео од слетувањето, каде луѓето кои биле присутни на плажата во близина на пистата биле принудени да клекнат.

Како што може да се види на видеото, леталото се наоѓа на само неколку метри над земјата.

Се работи за авионот Ербас на унгарскиот „Виз ер“, кој патем е еден од нискобуџетните превозници.

Како што пишуваат грките медиуми, туристка која пред неколку недели била во искушение да го сними полетувањето на авион од многу блиску, била толку исплашена што завршила во морето!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни