Украинскиот претседател Владимир Зеленски на својот канал Телеграм објави видео на кое стои во владиниот округ на главниот град, со што ги поби гласините за неговото заминување од Киев.
На видеото се гледа Зеленски опкружен со премиерот Денис Шмигал, советникот на шефот на канцеларијата на украинскиот претседател Михаило Подолијак, шефот на претседателската канцеларија Андриј Ермак и шефот на парламентарната фракција Слуга на народот Дејвид Арахамија.