Премиерката на Нов Зеланд воодушеви од нејзината мирна реакција на земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтер кој утринава ја погоди земјата.
Имено, премиерката Џасинда Ардерн беше на прес -конференција во Велингтон кога се почувствува силен земјотрес.
Кога сфатила за што се работи, се обратила на новинар кој и поставил прашање во моментот на земјотресот.
“Извинете, мала непријатност. Можете ли да го повторите тоа прашање?” рече премиерката со насмевка на лицето.
Потсетуваме, премиерката во 2020 година доживеа земјотрес при нејзиното гостување на телевизија.
