Свет

ВИДЕО Жестока тепачка во авион: Патник уапсен поради напад при слетување во Мајами

ВИДЕО Жестока тепачка во авион: Патник уапсен поради напад при слетување во Мајами

Патникот на авиокомпанијата Frontier Airlines, 21-годишниот Ишан Шарма од Њу Џерси, е уапсен во вторникот и обвинет за физички напад, откако на лет кој слетал на Меѓународниот аеродром во Мајами избила жестока тепачка, соопшти Шерифската канцеларија на округот Мајами-Дејд.

Според извештајот, припадници на безбедноста биле повикани во авионот во понеделникот навечер, по дојава за напад на лет што се подготвувал да слета на аеродромот.

Во полицискиот извештај стои дека Шарма без никакво предупредување му пријде на друг патник и го фати за врат, во моментот кога овој се враќал на своето седиште.

Интересно, адвокатот на Шарма во својата одбрана тврди дека инцидентот настанал поради тоа што друг патник реагирал негативно на фактот дека неговиот клиент медитирал.

Видео од настанот покажува брутална тепачка помеѓу Шарма и другото лице – маж – додека двајцата се удираат со тупаници во редот со седишта, а останатите патници во паника се обидуваат да ги смират.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни