Македонија

ВИДЕО: Жител на Арачиново ја запали членската книшка од СДСМ бидејќи не ги исполните ветувањата

Жител од село Оралнце, општина Арачиново вечерва ја запали членската книшка од СДСМ, бидејќи како што раскажува во видеото кое го објавија албанските медиуми, не биле исполнети неговите ветувања.

Тој вели дека работел на аеродром, а подоцна поради здравствени проблеми започнал постапка за добивање на инвалидска пензија. Но тоа никогаш не се слулило, иако како што раскажува тој добил ветување од тамошниот огранок на СДСМ, но лично и од премиерот Зоран Заев.

Инаку станува збор за стара членска книшка од партијата, сега членовите имаат дигитални картички.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни