Шпанецот Марио Лебрато успеа да сними исклучително ретка снимка од борба и канибализам на ајкули.
Снимката е направена во Индискиот Океан во близина на Мозамбик, а овој истражувач, раководител на Центарот за научни студии Базаруто во таа земја, ја направил кога го снимил ослободувањето на ајкула во океанот.
Ајкулата била нападната од друга група од десетина ајкули кои и откорнале големи парчиња од нејзиното месо.
И покрај тешките повреди, ајкулата продолжила да плива и накратко избегала, но набрзо умрела.
Лебрато рекол дека канибализмот е познат кај ајкулите, но е исклучително тешко да се сними.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вознемирувачко видео
