На филмската и телевизиска продукција во САД и се заканува прекин.
Имено, официјални претставници од зад сцената едногласно гласаа за штрајк, а ова е прв пат во нивната 128-годишна историја.
Меѓународната алијанса на филмски работници соопшти дека скоро 99 отсто од нејзините регистрирани членови кои учествуваа во гласањето (52.706) гласале за штрајк викендов.
Проблем се гледа во стагнацијата во потпишувањето нови договори околу барањата за поприфатливи услови за работа за квалификуваните лица – техничари и работници вработени во стрим-компании, како Нетфликс, Епл и Амазон, а вработените бараат подобра плата, разумни паузи меѓу снимањата, безбедни работни услови и гарантирани оброци.
„Се надевам дека студијата ќе ги препознаат барањата на нашите членови и ќе ги разберат. Топката е во нивниот двор. Ако сакаат да избегнат штрајк, тие ќе се вратат на преговарачката маса и ќе ни понудат прифатливи услови“, изјави претседателот на Алијансата, Метју Леб.
Преговорите беа прекинати на 20 септември, а Лоеб вели дека сепак неговата цел е да постигне договор, а не да се расправа.
„Гласањето е за поквалитетен живот, за здравјето и безбедноста на луѓето што работат во филмската и телевизиската индустрија“, нагласува тој.
