Многумина создадоа различни теории за оваа „дупка“ на Google Maps. Некои пишуваа дека секако се работи за цензура на тајна воена база, а некои теоретизираа дека се работи за научно-фантастичен феномен.
Ако се трудите доволно, можете да најдете разни необични работи на Google Maps. Еден корисник на Reddit на тој начин пронашол необичен феномен во океанот кој изгледа како црна дупка.
- „Што е ова? Не изгледа ни како остров“ – напишал еден корисник на Reddit, пренесува Insider.
Со свои теории излегоа и бројни други корисници, а повеќето тврдат дека островот изгледа цензуриран и дека веројатно е тајна воена база.

Не е невообичаено Google Maps да ги цензурира „чувствителните“ згради како што се воените бази и затворите за да ја заштитат нивната локација и структура.
Многумина се разочараа кога конечно дознаа дека ова не е заговор или црна дупка, туку обичен остров со исклучително густа шума поради која изгледа црно.
Тоа е островот Восток кој се наоѓа североисточно од Нов Зеланд и припаѓа на Кирибати.
- Она што е црно на фотографијата е всушност темно зелено. Тоа е многу густа шума од тропски дрвја Писоние – напишал еден од корисниците на Редит.