Три години од локалните избори. Но, што сработи, а што не првиот човек на Чаир, Висар Ганиу во изминативе 36 месеци колку е на чело на општината? Тој смета дека образованието во општината добило подобри услови за работи.
-Ги подобривме условите и квалитетот во однос на училишните објекти. Целосно реновираме три основни училишта-рече Ганиу.
Соговорникот на Ганиу беше неговиот противкандидат на локалните избори што се одржаа во 2017, Зекирија Ибрахими.
-Во Чаир за жал се нема сменето ништо, освен што се зголеми бројот на катовите на бесправните градби. Уште повеќе се полнат џебот на функционерите во општината, а се зголеми и стапката на корупција-рече Ибрахими.
Ганиу се контра-одговор – Градежниот инспекторат со кој раководи кадар на Алтернатива, никогаш не се пожали!
-Тој Инспекторат има право да се меша и во Чаир, но прашајте дали има поднесено некоја жалба…-вели Ганиу.
Обвинувања имаше и за „договорот“ кој Ганиу го склучи со граѓаните во 2017, а кој Ибрахими го нарече измама, иако градоначалникот уверува дека истиот се спроведува и дека работат според него.
-Ова е уште една вистина – реализирано е 70% од „договорот“ со проекти.-вели Ганиу.
Но, со кои три проекти најмногу се гордее Ганиу?
„Стадион вреден 1 милион и 300 илјади евра, плус 100 илјади за уредување на тревата и наводнување. Исто така спортската сала во ОУ „Битолски конгрес“, како и калдрмата во Чаршија.“, изјави Ганиу.
Ибрахими пак, се осврна на ветувањата кои според него Ганиу не успеал да ги реализира!
-Дали се направени четирите катни гаражи? Не! Говориме за факти. Енергетската ефикасност во општина Чаир, дали е направена? Не е! Неважни се објаснувањата, не е направено! Исто така не е направен ниту Младински центар во населбата Серава!-вели Ибрахими.
Ганиу вели дека паркингот кај Зелен пазар е при крај, а за оној кај „Иса Бег“ се очекува постапката да помине во Влада во текот на оваа недела. Додава дека за овој проект имало пречки од Град Скопје.
-За Висар Ганиу да издаде дозвола за катна гаража треба да помине Деталниот план. Треба да помине во Град Скопје, потоа во Министерство, па повторно во Град Скопје. Потоа се враќа кај нас и секојпат имавме пречки таму. Ова не се случува во сите општини, туку се случува кај нас-вели Ганиу.
Во однос на инфраструктурата, Ибрахими упати обвинувања на адреса на Ганиу дека се фали со асфалтирањето кое го прави градоначалникот на Град Скопје, но првиот човек на Чаир одговори дека капиталните инвестиции се обврска на Град Скопје, бидејќи зема данок и од општината со која раководи тој.
.
