Висок старт на Македонската берза на почетокот од 2024 година

Вкупниот промет на Македонската берза во јануари 2024 година изнесувал 453,3 милиони денари (7,3 милиони евра), што е зголемување од 38,9 проценти во однос на остварениот промет во декември 2023 година којшто изнесувал 326, 2 милиони денари (5,3 милиони евра).

Во јануари има пораст од 33,4 проценти во тргувањето со акции во однос на декември, а во истиот период има зголемување од 23,7 проценти во тргувањето со обврзници. Кај пазарната капитализација има зголемување од 5,1 проценти.

На листата најтргувани акции предводат „Комерцијална банка“ со остварен промет во јануари од 2,1 милиони евра, „НЛБ Банка“ со промет од 1,5 милиони евра и „Алкалоид“ со промет од 881.000 евра.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното