Висок степен на корупција: Македонија во друштво со Етиопија и Виетнам

Претседателот на Граѓанската организација „Цивил“, вели дека институциите во Македонија и понатаму се потонати во корупција. Според него, најмногу корупција има во здравството и образованието.

Премиерот Зоран Заев, тврди дека Владата презема мерки за спречување на корупцијата, која, како што вели „го труе“ општеството и системот. Вели дека се работи на изготвување на нов закон, кој на Државната комисија за спречување корупција ќе ѝ овозможи независна работа.

Се вчитува...

Една од причините поради која граѓаните ретко решаваат да пријават корупција е недостиг на ефикасност на институциите. Поради тоа, на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, беше промовирана нова интернет алатка „Пријави корупција“, која според Горан Калајџиев од Хелсиншкиот комитет, би требало да ги поттикне граѓаните да пријавуваат случаи на корупција.

Според извештајот на Транспаренси Интернешнал, во 2017 година Македонија го зазема 107 место според индексот на корупција и е во друштво со Етиопија и Виетнам. Тоа е за цели 17 места полоша позиција во однос на 2016 година. Од европските земји, полоши од Македонија се наоѓаат само Украина и Русија.
Инаку, на 9-ти декември се одбележува Светскиот ден за борба против корупција, а Македонија сѐ уште е без Антикорупциска комисија.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21