Балкан

Вистински херој: 12-годишната Амера ја победи леукемијата

Вистински херој: 12-годишната Амера ја победи леукемијата

Хафиз Недим Ботиќ ја откри добрата вест – девојката Амера (12) ја победи леукемијата.

Амера вчера ја имаше последната хемотерапија, а резултатите покажаа дека се е во ред.

– Нејзината најголема желба беше да оздрави. Дај боже желбата да се оствари. Сега следете ги контролите и терапијата за одржување. Но, ракот, леукемијата е на колена – напиша тој.

Тој, исто така, им оддаде почит на родителите на Амера, Муамер и Амела.

– Вистински херои. Низ што поминале тие двајца и каква борба поднеле, само Тој знае. Тие сега се најсреќните луѓе на светот – напиша тој.

Заедно со Амера, во нејзината борба секогаш беа членовите на Здружението за срце за деца болни од рак.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни