Бизнис

Вицепремиерот Битиќи во посета на Сојузна Република Германија

Вицепремиерот Битиќи во посета на Сојузна Република Германија

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски денес и утре ќе престојуваат во работна посета на Сојузна Република Германија, каде во Франкфурт ќе биде потпишан договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Северна Македонија.

Во рамките на посетата, вицепремиерот Битиќи и директорот Деспотовски ќе учествуваат на тркалезна маса со претставници на германски компании, на која ќе ги претстават условите и можностите за инвестирање во Северна Македонија и поволностите што се нудат во ТИРЗ.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Деспотовски ќе имаат и работни состаноци со менаџментот на неколку познати и глобално етаблирани германски компании.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни