„Визер“ ги исполни критериумите за финансиска поддршка од Владата – летови за нови дестинации

На третиот јавен повик, откако претходните два биле неуспешни, пристигнало само едно барање и тоа од Визер, а денеска Сугаревски појасни дека иако во текот на целата година се правале разговори и со други компании, тие најверојатно не се пријавиле од засега непознати деловни причини.

Се вчитува...

-Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски ќе додели еднократна финансиска поддршка во износ од 40 илјади евра  за секоја нова дестинација воведена од Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле – Охрид. За секоја нова дестинација од аеродромот во Скопје ќе се додели финансиска поддршка во износ од девет евра по патник во заминување во првата година од договорот, осум евра по патник во заминување во втората година, седум евра за третата година. За секоја нова дестинација воведена од аеродромот во Охрид ќе се додели финансика поддршка од 13 евра по патник во заминување во првата година, 12 евра во втората година и 11 евра во третата година, рече Сугаревски.

Нискобуџетната авкиокомпанија Визер беше избрана на јавниот повик за авиосообраќање во Република Македонија, кој, како што информираше на прес-конференција министерот за траспорт и врски Горан Сугаревски, завршил денеска, а компанијата ги исполнила сите услови и критериуми во повикот. На третиот јавен повик, откако претходните два биле неуспешни, пристигнало само едно барање и тоа од Визер, а Сугаревски појасни дека иако во текот на целата година се правале разговори и со други компании, тие најверојатно не се пријавиле од ним познати деловни причини.

Извор: ТВ21