Македонија

Вклучен и специјален тим нуркачи – се уште се трага по возачот од автомобилот што излета во реката Вардар

Вклучен и специјален тим нуркачи – се уште се трага по возачот од автомобилот што излета во реката Вардар

РЦУК Тетово известува дека од последниот контакт со ПС Групчин во 17:40 часот e добиена информација дека се уште не е пронајдено лицето возач и евентуални сопатници, ако ги имало, од автомобилот што излета во реката Вардар кај с.Желино.

Од 16:45 часот, освен специјализирана екипа од МВР, 6 припадници на ТППЕ Тетово и 6 вработени во Општина Желино во потрагата е вклучен и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес.

Потрагата е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни