ВКЛУЧЕТЕ ГИ ОВИЕ 5 НАВИКИ ВО ВАШАТА ДНЕВНА РУТИНА: Хигиенски трикови за подобро здравје!

Покрај редовното капење, миење раце, лице и заби, има многу други работи што можете да ги направите за да останете почисти и поздрави. Во тоа ќе ви помогнат следните хигиенски трикови, па затоа ви препорачуваме да ги направите дел од вашата секојдневна рутина.

Не користете омекнувач кога миете навлаки за перници

Маснотија, коса, плунка и други нечистотии се акумулираат на вашата перница, поради што е важно редовно да ги миете и менувате. Кога ќе ги ставите во машината за перење, сепак, воздржете се од користење омекнувач, туку измијте ги само со детергент, бидејќи остатоците од омекнувачот на вашата облека можат да ги затнат порите на вашата кожа и на тој начин да влијаат на појавата на акни.

Измијте ги нозете во црн чај

Ако вашите стапала непријатно мирисаат, обидете се да ги измиете во леген за црн чај. Многу луѓе имале добри искуства со овој трик, а постојат некои докази дека црниот чај ги убива бактериите одговорни за непријатниот мирис на вашите стапала.

Користете забен конец СЕКОЈ ДЕН

Оваа навика не само што ќе ви ги зголеми шансите да избегнете кариес и други забни заболувања, туку и ќе ви овозможи секогаш да имате свеж здив и без употреба на бонбони и гуми за џвакање со вкус на нане.

Користете само вода за миење на интимните места

Овој совет важи и за двата пола. Сапуните и геловите за туширање ја сушат кожата на вашите гениталии и ја оштетуваат нивната pH вредност, што може да предизвика чешање и печење во оваа област од телото. На жените им се советува да избегнуваат влошки и тампони со мирис, кои понекогаш ја иритираат кожата и секогаш да избираат да носат природни материјали.

Не заборавајте да ја измиете областа зад вашите уши

Веројатно редовно ги чистите ушните школки со стапчиња, но дали секојдневно внимавате на пределот зад ушите каде што се акумулира голема количина на маснотии и нечистотија? Можете да го измиете со раце и обична вода или памучна вата со малку вода.