Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот.
Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти. Вкупно 443 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.
Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 50-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.