Влада, МНР и МО светат во боите на НАТО
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на својот Фејсбук објави фотографии од Владата, Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана кои светат во боите на НАТО
„Вечерва зградите на Владата, Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи светат во боите на НАТО. 4 април е Ден на НАТО кога сите сојузници сме сплотени заедно повеќе од кога било. Исправени сме пред нови геополитички предизвици во време кога на европскиот континент сведочиме за воената агресија која се случува во Украина а притоа се потсетуваме дека нашата сила е единството на Алијансата“, пишува Ковачевски.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни