Владата на Република Северна Македонија денеска, (01.09.2020 година) вторник со почеток во 12:00 часот во свечената сала ќе ја одржи првата конститутивна седница.
На првата конститутивна седница се очекува да бидат разгледани предлозите за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, предлозите за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и предлозите за именување на претседатели и членови на посебните комисии.
Ги покануваме медиумските сниматели и фоторепортери за инсерти и фотографии од почетокот на владината седница.
Заинтересираните медиумски претставници треба да пристапат кон влезот од страна на Медија центарот најдоцна до 11:45 часот.
Поради мерките за заштита од коронавирусот КОВИД-19, ве замолуваме за задолжително носење на лична заштитна здравствена опрема, како и медиумска акредитација, а на влезот ќе се врши мерење на телесна температура и дезинфицирање.
За заклучоците од седницата ќе информираме со соопштение по нејзиното завршување.
.
