Владата донесе мерки за спречување на нелегалното производство на медицински канабис и негов пласман на пазарот

Владата на денешната 149. седница разгледа и донесе мерки за спречување на нелегално производство на медицински канабис и негов пласман на домашниот и меѓународниот пазар, соопшти владината портпаролка Венера Љатифи-Азизи.

Како што беше нагласено, институциите се задолжени да извршат вонредни контроли на сите правни лица со одобрение за производство на канабис за медицински цели, и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата.

Дополнително, ќе бидат именувани членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги, која од 2017 година не била активна.

Од комисијата ќе се бараат редовни извештаи за преземените активности.