Владата на Србија денеска го продолжи времетраењето на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати до 30 јуни 2022 година. Во текстот на Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати, се наведува дека е потребно продолжување на периодот на важност на ценовниот лимит на уште 30 дена.
„Имајќи предвид дека пазарот на нафтени деривати се уште е нестабилен, членовите на Владата ја донесоа оваа одлука со цел да се спречат поголеми нарушувања на тој пазар и да се зачува животниот стандард на населението“, се вели во соопштението на српската влада.