Владата вчера на владина седница го намали ДДВ-то на струјата од 18% на 5%, а денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика рече дека овој предлог уште лани бил доставен.
– Нашите тимови кои прават сеопфатни анализи во координација со Енергетската заедница проценија пред една година дека е неопходно да се донесат системски решенија, што освен намалување на ДДВ ќе опфатат и проширување и зајакнување на поддршката на ранливите категории во плаќањето на сметките за електрична / топлинска енергија. Секој потег што нуди решение за заштита на стандардот на домаќинствата во процесот на енергетска транзиција -што значи струја од вода, ветер и сонце наместо од јаглен, покажува стратешки пристап во решавање на глобалниот предизвик за намалување на штетни емисии и заштита на животната средина – изјави Бислимоски.
Самиот факт дека во еден момент настана „клинч” меѓу партиите чиј предлог е намалување на ДДВ- то од 18 на 5 отсто, посочи тој, за нас е показател дека политичарите, без разлика дали се пратеници, министри или функционери на партии имаат доблест да слушнат стручни луѓе во областа кои нудат издржани решенија.