Владата го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе нема амнестија за сите учесници во „крвавиот четврток“

Откако вчера беше одложено судското рочиште, денеска од затворот на Шутка, лицата обвинети за настаните на 27 април со полициски комбиња утрово беа спроведени кон Кривичниот суд. Нивната надеж за спас од затворски казни на подолг период е како што велат вистината и правдата, но и амнестијата, која не се знае дали ќе ги опфати сите учесници во „крвавиот четврток“. Владејачкото мнозинство предлага национално помирување, формирана е и собраниска комисија, но не сакаат да потврдат дали се работи за целосна амнестија.

Но, со одлуката на владина седница да го одбијат предлогоот на ВМРО-ДПМНЕ, на некој начин

Власта го искажа својот став во однос на ова прашање.

Владата очекува Комисијата за помилување да најде решение за амнестирањето на лицата вклучени во настаните на 27 април. Министерката за правда, Рената Дескоска објаснувајќи ги причините поради кои владата даде негативно мислење во врска со овој предлог, рече дека ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија за сите лица вклучени во насилството, затоа според неа ова не би бил вистинскиот пат за да се реши ова прашање.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекувале негативно мислење од  владата за нивниот предлог. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека сето ова се прави за да продолжи агонијата за лицата од 27 април.

Инаку денешното рочиште траече неколку часа, на кое беа читани и презентирани писмените докази, односно смс пораките и комуникацијата преку социјалните мрежи. Следната недела речиси секој ден во судот ќе се појавуваат обвинетите од 27 април каде ќе даваат свои искази. За настаните од „крвавиот четврток“ обвинети се 33 лица, од кои 31 за кривичното дело „тероризам“ и двајца за „поттикнување“.

Репортер: Африм Јонузи

Извор: ТВ21